Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

201
0
SHARE

На средбата, двајцата соговорници констатираа дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање, бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Претседателот Пендаровски нагласи дека во иднина двете земји треба да се посветат на унапредување на билатералната соработка, особено во областа на економијата и зголемувањето на трговската размена, како и на реализацијата на инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат Македонија и Албанија.

Во однос на европските интеграциски процеси, претседателот Пендаровски нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги валоризира напорите на двете држави преку одредување датум за почеток на пристапните преговори. Тоа ќе придонесе за дополнителна регионална консолидација и соработка меѓу земјите, беше потенцирано на средбата.

Двајцата соговорници истакнаа дека Македонија и Албанија споделуваат идентични надворешно-политички цели. Двете земји се посветени на градење на добрососедските односи и соработка во рамки на регионалните иницијативи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here