Јорданка Ивановска- Јоци: Прикаската на СДСМ за граѓанска држава и нивниот “живот за сите”, заврши. По неполна година од доаѓањето на власт.

921
0
SHARE

Прикаската на СДСМ за граѓанска држава и нивниот #живот-заврши. По неполна година од доаѓањето на власт.

Од денеска, по кршењето на Уставот, законите, девалвирање и руинирање на сите државни институции, СДСМ, оди во историјата. Црната.
Како партија која насила стави на дневен ред и усвои Закон за јазици, со долгорочни последици по правната држава и општо државата Македонија.

Овој Закон можеше да биде дополнет со амандмани, уставно прилагоден, изменет и усвоен со консензус на сите партии, но не !! Зоран Заев, реши да ги урне сите мостови на меѓунационални внатрешни односи и да ги пеплоса сите надежи за нешто подобро, посилно, посветло. Овој човек го донесовме на власт, затоа што мислевме дека знае што прави, а донесе темница. Ги урна темелите на правната држава и сите не’ затрупа во куп шут, во темница и без воздух.

Неговата партија и пратеници ќе останат запишани како луѓе, кои, за неколку минути ги кренаа во воздух сите државни институции, кои ги градевме 26 години.

Искрено се надевам дека нивните сурати нема да ги видам повторно на власт во наредни 30 години. Искрено се надевам дека неговите пратеници ќе се самораспуштат и ќе одиме на нови избори на кои македонскиот народ ќе ги казни.

Ги преминавте сите црвени линии !

Одете си !

Овој текст го сподели новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот Фејсбук профил,а со текстот беше прикачено и  видео од инцидентот во Собранието, каде што на вчерашната седница беше изгласан контраверзниот закон за употреба на јазиците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here