По година и половина во врска, принцот Хари од Велс, ја побара раката на својата девојка, актерката Меган Маркл.
Портпаролот на Кралското семејство изјави дека веридбата се случила на почетокот на овој месец, а денес откако младенците го добиле благословот од Кралицата Елизабета и семејството на актерката, со задоволство ја инфорираат јавноста. Подготовките за свадбата веќе се во тек, Меган (36) и принцот Хари (33) денес за прв пат се појавија пред камерите како вереници и се сликаа. Меган гордо го покажа вереничкиот прстен.
Свадбата е закажана на пролет 2018та.