Приведен екс претседателот на Франција, Никола Саркози

453
0
SHARE

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, утринава е приведен на распит во полиција, поради истрага во врска со финансиски нерегуларности поврзани со неговата изборна кампања од 2007 година, кога ги доби претседателските избори.

Пред неколку години француската телевизија France-3, предизвика бура во јавноста откако емитува аудио-снимка од разговор со Муамер Гадафи. Починатиот либиски лидер тврдеше дека ја финансирал кампањата на Саркози.

„Јас го направив претседател“, рече Гадафи.

Истрага за ова беше покрената во 2012 година, но по кратко време беше прекината. Случајот повторно беше активиран минатата година, кога надлежниот судија соопшти дека има доволно докази против Саркози за почеток на судски процес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here