Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова: ЗА СУЛТАНОТ И ВЕЗИРОТ ВО МАКЕДОНИЈА

487
0
SHARE

Она што секојдневно го чувствуваме на своја кожа, во контактите со институциите и среќавајќи полуобразовани и некомпетентни лица, сега ни го пласираа како бројка: истражувањата покажуваат дека повеќе од половината од именуваните лица немаат соодветно образование и/или искуство во областа во која дејствуваат институциите што ги раководат.

Бранот на непотизам и клиентелизам е има пропорции на цунами. Последиците од негативната селекција се погубни. Сето ова што се случува резултира со држава како во онаа од приказната за султанот и везирот. Да ве потсетам на неа: поголем број луѓе се вратиле во Империјата со дипломи од врвни универзитети, па султанот му дал задача на везирот да ги распореди соодветно. По извесно време го гледа распоредот и вџашено го прашува везирот: како можеше лекарот да го поставиш во ресор агрономија, а инженерот во ресорот култура? Нели ти реков да ги поставиш на вистинските места?! Везирот му одговорил: ваше височество, ако секого го поставев на вистинската позиција, ниту јас ќе бев везир, ниту вие ќе останевте султан!

Во 21 век Република Македонија не е империја, ами е сѐ поблиску до темен вилает. Власта е само начин на богатење за мала каста на моќници кои во себе го спојуваат политичкиот и бизнис интересот. Две години се залудно потрошени, а заевизмот гуши сѐ што може да се види како критички став и конкуренција. Истовремено, наместо да се намалува, државната и јавната администрација метастазираат. Координатори на координаторите, советници на советниците, заменици на директорите… Крај нема! Наместо намалување на министерствата, во држава од едвај два милиони жители тие планираат уште едно министерство.

Ако најодговорните се однесуваат неодговорно, зарем треба да се чудиме што 80 отсто млади на една интернет анкета изјавуваат дека планираат да заминат? Или тие ќе заминат од султанските и везирските позиции, ќе воспоставиме критериуми и „систем на заслуги“ наместо “системот на плен“ – или ќе немаме како да ги убедиме младите да останат во вилает во кој живот има само за „избраните“.

Да се обединиме за право и правда за обичните луѓе, а не за богатите!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here