Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова: Заевизмот е ментална матрица: кажувам, заборавам, негирам!

564
0
SHARE

Реакција на Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова во врска со непрофесионални новинарски пренесувања на нејзиниот говор на неколку портали:

“Вчера имаше многу непрофесионални новинарски пренесувања на мојот говор на неколку портали, на пр. Мактел и Народен глас, со вклучување на изјави кои не сум ги кажала.

Оттука би сакала со сите вас кои не ја следевте Конвенцијата да ги споделам говорите. Подолу е линкот до првото обраќање.

Неколку поенти: реформите почнуваат од себе! Ќе побарам реформа на привилегиите на Претседателот и Владата; ќе формирам експертски тим на правници и низ призма на меѓународното право да го отвориме прашањето на името, тоа не е затворено; за мене владеењето на правото е врвната цел, а правото на самоопределување е задолжителна норма!

Заевизмот е ментална матрица: кажувам, заборавам, негирам!

Она што го очекувам е големата вода (како кај Чинго) на сите граѓани за почеток на промените и четврт Илинден! Македонија мене многу ми дала сега е време јас да и вратам на Македонија!”

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here