Професорката Сиљановска: Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името

281
0
SHARE

Професорката Гордана Сиљановска Давкова објави порака на денот кога пред 12 месеци во селото Нивици во Грција беше потпишан Преспанскиот договор.

Сиљановска која по изборите не беше многу активна на социјалните мрежи со порака до власта.

“Една година потоа. Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името! #НикогашСеверна”, напиша професорката која на претседателските избори освои речиси 380 илјади гласови.

Последен пат во јавноста беше видена вчера на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ а предходно беше дел од прославата на шампионската титула на Вардар на плоштадот Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here