Протест во Скопје пред владата: Станете за чист воздух

481
0
SHARE

Под мотото „Станете за чист воздух“, неколку стотини жители на главниот град денеска протестира против високото ниво на загаденост на воздухот.

Протестот се одржа пред Владата, а учесниците упатија повеќе барања до належните иниституции: Итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци.

Протест за чист воздух пред владата

Под мотото „Станете за чист воздух“, околу 200 скопјани организирани преку социјалните мрежи излегоа на протест пред владата, барајќи од надлежните решенија за загадувањето на воздухот. http://bit.ly/2yIT6oe

Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Saturday, December 16, 2017

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“велат дека се додека не се реши состојбата со аерозагадувањето, ќе ги поддржат сите граѓански иницијативи на мајки, татковци, родители, граѓански здруженија кои се занимаваат и кои се залагаат да се подобри состојбата со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.

-Нашата поддршка ја имаат. Ќе ја поддржиме иницијативата и во среда, на мајките за да не ги пуштаат децата на училиште. Забележуваме дека Министерството за образование е подготвено на нашата вчерашна реакција да одговори соодветно, да не се пуштаат децата во екстремно аерозагадување, да се бојкотира наставата, да се организираат протести, поддржуваме граѓанска непослушност, блокирање на патишта, со цел да се подобри состојбата. Состојбата навистина го погодува здравјето на децата, секое второ дете е погодено од аерозагадувањето, изјави Драги Змијанац.

Змијанац истакна дека поради загадувањето, Детската болница за белодробни заболувања е преполна со заболени деца и оти веќе се прават обиди за создавање услови за примање и на поголем број на пациенти. Токму поради ваквата состојба ќе се обратат и до меѓународните институции да помогнат во справување на проблемот.

Претходно од Министерството за образование и наука за факултети.мк не ја исклучија можноста поради зголеменото загадување, предвреме да започне зимскиот распуст.

Но ја исклучија можноста да го поддржат бојкот на наставата најавен од група родители за во среда.

Вчера, Владата донесе ургентен сет мерки против загадувањето, од кои едната е спуштање на прагот на алармирање за висока аерозагаденост.

извор: радио слободна европа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here