Протести на хрватските ветерани поради посетата на Вучиќ во Загреб

468
0
SHARE

И покрај повиците на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, за прекин на вербалната војна на линијата Загреб-Белград, во пресрет на официјалната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, во Хрватска не се смирува бурата предизвикана од најавата за посетата.

Вдовиците на хрватските ветерани и здруженијата на ветерани се подготвуваат за протест поради посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Загреб. Сепак, хрватските парламентарци се сложни дека дијалогот меѓу двете земји е нужен за да се решат спорните проблеми. Опозицијата сепак не очекува дека по посетата на Вучиќ, ќе дојде до било какви помеки односи меѓу двете земји.

Извор: макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here