Протести во Виена против австриската владејачка ФПО

267
0
SHARE

Oколу 5.000 демонстранти се собраа пред зградата на Универзитетот во Виена, носејќи транспаренти „За нацистите нема место во власта“, „Нека е проклета владата на богатите“.

Демонстрантите во текот на протестите блокираа една од најфреквентните виенски улици „Рингштрасе“, а потоа се упатија кон плоштадот „Свети Стефан“.

Собраните изнесоа критики на сметка на Слободарската партија на Австрија, односно, како што наведоа, расистичката, антимуслиманска и антимигрантска политика на оваа партија.

Демонстрантите своето незадоволство особено го изразија кон министерот за внатрешни работи, Хеберт Кикл, поради неговото настојување да се воведат построги закони за мигрантите. Тој е повикан да поднесе оставка поради, како што истакнаа, изјавите кои се во спротивност со разбирањето на правната држава.

Во текот на протестите преземени се високи безбедносни мерки, а собирот е завршен без инциденти.

Jавува Anadolu Agency (AA).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here