Протестираше за правата на работниците како Шарена , а сега Синоличка не им дава плати на вработените во семејната текстилна фабрика

715
0
SHARE

Работничките од фабриката „Македонија Гармент индустри“ (МГИ) си ги бараат двете заостанати плати од газдата, холанѓанецот Марсел Мелес. Оддржаа и мирен протест пред фабриката за шиење кошули и панталони во Кисела Вода , а за денеска најавија и нов.

Зошто Марсел Мелес е интересен случај ? Прво, бидејќи Владата воопшто не реагира околу оваа социјална драма и неправда. А, второ,  бидејќи е сопруг на професорката од ФДУ, Синоличка Трпкова, која со години, жолчно и со голема доза на горчина, пишуваше за криминалите на Никола Груевски и на улица протестираше за неправдите кон работниците, за шивачки, за работнички маки, за иселување на млади, за социјална правда.

Од оваа дистанца, нема поголема иронија да си иштанцал толку многу фермани за неправди и милион луѓе да ти поделиле аплауз за таа борба, да си делел лекции за принципи, а на крај прикаската да добие капиталистичко-експлоататорски пресврт и да ти штрајкуваат луѓе за неисплатени бедни плати.

Повели, Синоличка, изјасни се сега.
Каде си сега да застанеш на страната на сиромашните и обесправените ? И тие мајки-шивачки од вашата фабрика, раскостени од работа-имаат деца.

Искрено не знам со кој кредибилитет ќе продолжиш да пишуваш околу неправди и кој ќе те чита имено и сфаќа сериозно, откако се задуши во сопствената иронија.

Напомена: целикот текст е превземен од порталот на Јадранка Ивановска Јоци,  ЈОЦИ.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here