Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата ќе се одржи на 29 јуни

2212
0
SHARE

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор за одржување на овој настан.

Организаторите сметаат дека парадата ќе помине достоинствено и безбедно и дека државата е подготвена и зрела за организарање на ваква парада на која ќе се чуе гласот на различните, која во светски рамки има традиција повеќе од 50 години.

„Ова е протест на кој што ќе бараме афирмација за остварување на наштите права и слободи. Ова е протест на изразување на слободната волја на различните кои бараат еднаков пристап во општеството, но и протест за оддавање почит на луѓето кои биле жртви на насилство и стигматизирани во општеството поради различна сексуална ориентација“, рече Александар Михајлов на денешната прес-конференција во Хелсиншкиот комитет.

Организаторите ги повикаа сите граѓани и политичари кои сакаат да дадат поддршка на ЛГБТ заедницата да бидат дел од првата Парада на гордоста во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here