ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус и Челзи сакаат да го ангажираат Зинедин Зидан

309
0
SHARE

Зинедин Зидан во моментов е веројатно најбараниот тренер во Европа, тврдат одделни шпански и италијански медиуми, пренесува АА.

Францускиот фудбалски стручњак во моментов го посакуваат многу клубови, вклучувајќи ги ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.

Откако ПСЖ е елиминиран од Лигата на шампиони, челниците на ПСЖ наводно покажале интерес да го ангажираат токму Зидан.

Челзи сакаше да го доведе пред еден месец како замена за Маурицио Сари. Зидан тогаш постави одредени услови, но договор не беше постигнат. Во меѓувреме се појавија тврдења дека сепак би можел да ја преземе англиската екипа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да ја освои европската круна и дека сопственикот Андреа Ањели на клупата на својот клуб наскоро сака да го види токму францускиот тренер.

Шпанците тврдат дека Реал Мадрид е многу заинтересиран повторно во клубот да го ангажира Зидан, откако ќе го отпуштат Сантјаго Солари.

Зидан на крајот на минатата сезона изненадувачки го напушти Реал Мадрид, по освојувањето на третата последователна титула шампион на Европа. Од тогаш не престануваат медиумските шпекулации каде Зидан ќе ја продолжи тренерската кариера.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here