Пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија досега во историјата на Македонија

280
0
SHARE

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Со недели и недели половина Македонија гори, никој не превзема одговорност. Г-дине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Имаме ситуација во која како никогаш досега, во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси, за којшто ништо не се превзема и не се бркаат сторителите. Се работи за пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија  досега во историјата на Македонија којашто многу, многу ги чини граѓаните на Македонија. Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви.

Почитувани присутни,

Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции. Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид  гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here