Путин: Русија е подготвена за светското првенство во фудбал 2018та

578
0
SHARE

За време на извлекувањето на групите, Претседателот, Владимир Путин не го криеше своето задоволството за одржувањето на Светското првенство во фудбал во Русија.

Во своето обраќање тој истакна:

Нашата земја со нетрпение го очекува почетокот на Светското првенство и има намера да го направи настан од највисок квалитет, каде што водечките светски фудбалери ќе можат да го покажат своето владеење со играта, за да покажат вистински голем фудбал”, рече рускиот лидер за време на церемонијата на извлекувањето за претстојниот шампионат.

Претседателот на фифа Џани Инфантино и Владимир Путин

“Ние ќе сториме сé за да го претвориме во прекрасен спортски фестивал. Но, што е уште поважно, да му подариме овој спектакл на светот и да се поврземе во едно големото меѓународно спортско семејство. Семејство, кое најмногу го вреднува самиот спорт, пријателство и фер конкуренција – нешта кои стојат непоколебливи од какви било политички размислувања “, додаде тој.

Путин истакна дека фудбалските навивачи кои  ќе ја посетат Русија за Светското првенство ќе имаат шанса не само да ги гледаат натпреварите, туку и да се уверат себеси каков е животот во земјата, да се запознаат со руската култура, историја и уникатна природа и доживее гостопримството на рускиот народ.

11 градови кои ќе бидат домаќини на натпреварите на турнирот се ширум целата земја. Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калининград, Волгоград, Ростов, Нижни Новгород, Екатеринбург и Самара.

Русија ќе биде домаќин на 21то Светското првенство на ФИФА за прв пат. Турнирот треба да се одржи од 14 јуни до 15 јули.

Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од стадионите на кои ќе се играат натпреварите. Објетките се фасцинантни

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here