Рускиот претседател Владимир Путин ќе пристигне на 17 јануари во посета на Србија.
Според неофицијални информации од Министерството за внатрешни работи, за безбедноста на двајцата претседатели ќе бидат распоредени илјадници полицајци, а се шпекулира дека ќе бидат ангажирани околу 7.000 објави „Политика“.
Весникот наведува дека припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе превземат максимални мерки за безбедност, а ќе биде изменет и режимот на сообраќај во одредени делови на Белград.
Исто така, се шпекулира дека во Белград веќе стигнале околу 250 најелитни руски специјалци, како и личното обезбедување на рускиот претседател.
Во обезбедувањето на Путин ќе учествува и српската војска. Три српски „мигови“ би требало да го следат авионот на Путин од моментот кога ќе влезе во воздушниот простор на Србија.