Путин забрани увоз и прозводство на ГМО во Русија

720
0
SHARE

Претседателот на Русија, Владимир Путин го забарни увозот и производството на Генетски Модифицирана Храна (ГМО). Тој ги изрази своите очекувања дека Русија ќе стане целосоно порехрамбено независна до 2020та година и целата храна ќе биде еколошки чиста и природна. 

Од доаѓањето на власт, Путин ја подигна сампочитта на земјата и му даде на својот народ ново чувство за националистичка гордост. Тој не ја криеше желбата, Русија да биде одделена од остатокот од светот, и да биде горда и независна особено во поглед на ресурсите.

Путин одржа говор во рускиот парламент, велејќи: “Ние не само што сме способни да преизведуваме храна земајќи ги во предвид нашата почва, водните ресурси – Русија е во состојба да стане најголем светски снабдувач на здрава, еколошки чиста и квалитетна храна, која западните производители одамна ја загубија, особено со оглед на тоа што побарувачката за такви производи на светскиот пазар постојано расте ” Русија напредува неверојатно добро во производството на храна, постојано ги зголемуваме количините и сега извезува повеќе храна отколку што увезува. Во споредба со други земји, како што е Велика Британија, таму има драстичен пад, затоа Британија мора да увезува од други земји за да го нахранат својот народ, Русија веќе е подготвена целосно да се снабдува самата.

Путин рече: “Пред десет години, ние увезуваме речиси половина од храната од странство и бевме зависни од увозот. Сега Русија е меѓу извозниците. Минатата година рускиот извоз на земјоделски производи изнесуваше скоро 20 милијарди долари – една четвртина повеќе од приходите од продажба на оружје, или една третина од приходите што произлегуваат од извозот на гас “

Прашањето за ГМО(генетски модифицирана храна) е спорно прашање низ целиот свет. Се чини дека Америка се повлече во битката со Монсанто (најголемата компанија за производство на генетски модифициран семенски материјал), затоа  многу од храната што ја гледате на полиците по американските супермаркети и пазари се преполни со ГМО. Токму од оваа закана, Путин и неговиот тим експерти се обидуваат да го заштитат руското тло.

Според Природна револуција, од почетокот на 2015 година, листата на земји кои ја забранија ГМО порасна:

Јапонија – Не се засадуваат ГМ семиња во земјата, но увезуваат големи количини на Канола (еден од најголемите производители на ГМ канола во светот).

Нов Зеланд – Не се произведува ГМ храна во земјата.

Германија – Забрана за одгледување и продажба на ГМО пченка.

Ирска – Забрана за одгледување, но увезува ГМ храна. Се воспоставува доброволен систем за етикетирање.

Швајцарија, Австрија, Унгарија, Грција, Бугарија, Луксембург – Забрана за одгледување и продажба на ГМО.

Франција – ГМ пченката е одобрена, но само за увоз, а одгледувањето е забрането. 

Австралија ги укина повеќето забрани, нема етикетирање на месото и некои други продукти, само Јужна Австралија и Тасманија забрануваат негово одгледување. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here