Пуцко Петрол гази на тендерите за набавка на нафтени деривати

533
0
SHARE

Фирмата „Пуцко Петрол” во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски, доби нов државен тендер, овојпат на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 50 илјади евра. Претходно тендерот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите го доби „Пуцко Петрол”. Или во последните 18 месеци, според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата на Јахоски доби вкупно 392 тендери вредни 34,56 милиони евра.

Според последниот тендер „Пуцко петрол“ е должен да испорачува гориво за греење за објектите на Вила Дојран, Комплекс вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.

Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра… На листата на институции на кои „Пуцко  – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи…

„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here