Работник тешко повреден при градежни работи во Куманово

279
0
SHARE

Работник е тешко повреден при пад од објект на којшто работел во Куманово.

Како што информира полицијата, вчера во 10,30 часот во Куманово, на улица ,,3-та Македонска Ударна Бригада“, додека Б.А.(31) од Куманово, вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here