Рамуш Харадинај го прогласи уапсениот Русин од ОН за „непожелна личност“

534
0
SHARE

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го прогласи рускиот државјанин Михаил Красношченков, кого пред неколку дена го уапси косовската полиција и покрај дипломатскиот имунитет, за „персона нон грата“.

„Одлуката е донесена поради акциите на рускиот државјанин против уставниот поредок на Косово, универзалните вредности, мирот и стабилноста“, соопшти Харадинај, а пренесува РТК на српски јазик.

Красношченков, дел од меѓународниот персонал на Обединетите нации, добил налог да ја напушти територијата на Косово.

Тој од вчера е на лекување во Белград, поради повредите кои му ги нанеле косовските специјалци при бруталната акција на апсење во вторникот, на северот на Косово.

„Го повикувам специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН на Косово да ја почитува оваа одлука“, кажа Харадинај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here