Рангелова „ЗА“ одземање на пратеничката плата на поранешниот премиер Никола Груевски

313
0
SHARE

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, претседателка на Унијата на жени на партијата во времето кога претседател беше Никола Груевски, жената која уживаше целосна доверба од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, се впиша во низата блиски кои му го зарија ножето на поранешниот претседател.

Рангелова е единствената од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше „ЗА“ одземање на пратеничката плата на поранешниот премиер Никола Груевски проради правосилната пресуда против него на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Другите 51 глас „за“ дополнувањата на Законот за пратеници ги обезбедија пратениците од парламентарното мнозинство.

Законските измени беа донесени со 52 гласа „ЗА“ и само два „ВОЗДРЖАНИ“ на спикерот Талат Џафери и на поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. И Џафери и Димовски, всушност, се изјаснија поразлично од другите нивни сопартијци од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here