На денешната 27. седница на совет на општина Гевгелија не беше изгласан дневниот ред и советниците не продолжија со работа.
Коалиционите партнери од владеачката коалицијата, советниците од ВМРО Народна и Либерална Партија откажаа послушност на СДСМ.
Денес се потврдија како точни шпекулациите дека подолг период има огромна нетрпеливост помеѓу коалиционите партнери.
Меѓу другите точки на дневен ред беше и точката Предлог-Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Гевгелија. Република Македонија остана во Стаутот на општина Гевгелија.