Расте бројот на загинати во Хрватска – се трага по преживеани

196
0
SHARE

Се зголемува бројот на жртви по разорниот земјотрес, што денеска ја потресе Хрватска. Хрватските медиуми пренесуваат за нови загинати.

Досега најмалку шест луѓе го загубија животот во земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Првата жртва беше 12-годишно девојче од Петриња, во Мајски полиња кај Глина загинало 20-годишно момче во една куќа. Во друга куќа пак загинал возрасен маж, како и татко и син од истата куќа, потврдила за „Индекс“ градоначалничката на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ.

Неофицијално, како што дознава „Индекс“, починало уште едно лице во Мајски полиња, а друго се бори за живот.

Во тек е потрага за преживеани под урнатините. Помош понудија соседните земји, меѓу кои и Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here