Реакција на „Меѓаши“до Шекеринска: За што да пишуваат децата, за загинатите родители во конфликтите?

473
0
SHARE

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ преку соопштение реагира на објавениот конкурс за творби за светското одбележување на 70-годишнината од формирањето на НАТО, во кој темите кои, како што наведуваат, „би ги доближиле претставите, поимот и значењето на НАТО“ се воени, а спорна е и возраста на децата, особено најмалите, бидејќи конкурсот е наменет за деца на возраст од четири до 17 години.

Според „Меѓаши“, станува збор за обид за манипулација и индоктринација на деца од основните и средните училишта во Македонија.

Од Првата детска амбасада реагираат на активноста на „ГАУС институт – фондација за нови технологии, иновации и трасфер на знаење“ на последната активност за одбележување на годишнината на НАТО во основните и средните училишта. Формата, како што наведуваат, е класичен начин на одбележување на годишнина преку раскази, есеи и цртежи, каде се дава можност дури и за критики, но сепак забележлив е позитивниот контекст, што се дава на НАТО и одбележување на годишнината.

Поради страотните информации и слики, како и видео прилози од ефектите на делувањето на овие алијанси децата во училиштата ги учат причините за формирање, но не толку и последиците од формирањето и со право е тоа така. Сакаме да ги заштитиме децата од трауми! Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги повикува учениците да се вклучат во пишувањето на есеи преку својот фејсбук профил, притоа непотенцирајќи дали да пишуваат за последиците или за причините за формирање, за позитивните ефекти или негативните или пак за статистиките на загинати деца во конфликтите во кои учествувала алијансата? Можеби се работи за тема која ќе ја разбуди емпатијата кај средношколците и би пишувале за децата, чии родители загинале во воените конфликти и животот по загубата на родител, или пак за животот на родители по загубата на дете во еден таков воен конфликт од кој НАТО бил дел, истакнуваат од „Меѓаши“.

Ги повикуваат и поттикнуваат учениците кои одлучиле да конкурираат на овој конкурс добро да се запознаат со НАТО, со сите негативни импликации, да ги согледаат особено последиците и да се обидат да ја почуствуваат болката и тагата од војната и да ги пресликаат тие чувства на есеите со кои ќе аплицираат.

Апелираме на внимателно и промислено однесување на политичките партии на власт и поставување на теми кои ќе промовираат соживот и позитивни вредности кај децата и младите без присуство на воени структури и воени дејствија, потенцираат од „Меѓаши“.

Реакција по повод конкурсот за НАТО за деца на возраст од 4 до 17 години.Загрижени сме по повод објавениот конкурс за…

Posted by Детска Амбасада Меѓаши on Tuesday, April 2, 2019

Со едно од првите три места до организирана посета на седиштето на НАТО во Брисел. Пријавете се и доставете го вашиот есеј на тема „НАТО и јас“. Рокот е продолжен до 4 април 2019 година!

Posted by Министерство за одбрана / Defence MKD on Wednesday, March 27, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here