Заканите на вицепремиерот Османи дека нема да го испрати законот за јазици во Венецијанската Комисија се додека таму македонски претставник е професорката Тања Каракамишева, предизвикал огромен скандал во телото на Европската Унија која дава оценка за закони.
По заканите од Османи Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетите на Османи и премиерот Заев во кое протестира за владиниот притисок врз Каракамишева.
Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев, ова преку својот Фејсбук статус го потенцира универзитетската професорка Тања Каракамишева.
Вицепремиерот Османи е главен македонски преговарач со ЕУ кој очигледно не ги познава принципите на работа на европските институции како што е Венецијанската Комисија.