„РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ СИМНАТА ОД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА, ЗА ДА СЕ ПОСТАВИ „СЕВЕРНА“

344
0
SHARE

Буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата се симнати во текот на ноќта за да се направи место за новото име “Влада на Република Северна Македонија”.

Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести владата на Република Македонија дека се поминати сите пречки за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика “Република Северна Македонија”.

Следниот чекор е “Република Северна Македонија” и Грција да испратат писмо до Генералниот секретар на ООН, и да ги информираат за датумот на влегување во сила на Конечната спогодба.

По ова, “Република Северна Македонија” ги информира Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останатите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени.

Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена“, велат од МНР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here