Рикер: Косово ризикува сѐ доколку не ја повлече таксата за српските и босанските производи

214
0
SHARE

Еден американски дипломат рече дека односите Америка – Косово се нарушени, и дека Владата на Косово е виновна за тоа поради таксата! Според него, Приштина сериозно ја ризикува својата иднина не само во ЕУ туку и се останато, доколку не се вратат безусловните преговори.

Америка не бара од Косово да и ја подари Месечината, туку да ја повлече таксата за српските и босанските производи, и да престане да ги нарушува билатералните односи со САД.

Оваа порака ја упати Филип Рикер, кој рече дека ја разбира фрустрацијата на Косоварите во однос на Србија, но не и неповлекувањето на таксата од Владата на Косово, иако тоа нешто, како што рече високиот американски функционер, го бара Америка.

“Граѓани на Косово, ви велиме дека ја разбираме вашата фрустрација и ја разбираме вашата желба да ја имате под контрола вашата иднина и да напредувате во вашата интеграција во меѓународниот систем. Не се дискутира за поддршката на САД во однос на сувереноста и вашата независност. САД има инвестирано важен капитал за успехот на Косово, како независна, мултиетничка и суверена држава. Стоиме зад вас, постојано! Неколку пати дојдовме со важни барања, и ова е еден од тие пати“ рече Рикер во Скопје, пренесува ТВ21.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here