Роналдо осуден на две години затвор и казна од 19 милиони евра за затајување данок

332
0
SHARE

Кристијано Роналдо призна во судот во Мадрид дека избегнал данок и ја прифатил затворската казна од 23 месеци, како и да плати 18,8 милиони евра.

Како што пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ, Роналдо на судењето призна дека е свесен за затајување од 5,7 милиони евра данок. Истовремено се правдаше дека во времето кога овие дела се направени, тој не бил информиран од страна на неговите соработници и додаде дека дефинитивно тој не сакал да ги избегнува даноците.

Кристијано Роналдо не е единствениот фудбалер кој во Шпанија е осуден за вакви или слични прекршоци.

Поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Чаби Алонсо е исто обвинет за затајување на два милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here