Роскосмос бесплатно ќе вози во вселената истакнати граѓани на Русија

286
0
SHARE

„Роскосмос” бесплатно ќе ги вози на туристички лет во вселената заслужните граѓани на Русија, како што се учителите и научниците, соопшти директорот на државната корпорација Дмитриј Рогозин.

Според него, примената на новата суперкратка шема на летање на товарниот борд „Прогрес” ќе им овозможи и на бродовите со екипаж да стигнат за три часа до Меѓународната вселенска станица и ќе создаде услови за развој на вселенскиот туризам.

„Во следната фаза, кога Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ ќе почне да стекнува финансиска добивка, ќе воведеме наградни патувања, т.е. не за пари, туку ќе овозможиме патување во вселената на исклучителни граѓани на Русија за нивните исклучителни достигнувања“. Тој додаде дека се работи за исклучителни учители и научници.

Товарниот брод Прогрес МС-11 минатата недела постави уште еден рекорд од 3 часа и 22 минути. Рогозин изјави дека пократките мисии ќе ја зголемат конкурентноста на Русија во индустријата на вселенски туризам.

Извор RUSSIA BEYOND – МАКЕДОНИЈА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here