Русија е за унапредување на пријателските односи со Македонија

411
0
SHARE

“Отсуството на желба кај некои западни земји да ја прифатат реалноста на полицентричниот свет кој објективно се формира и обидите да ја наметнуваат својата волја, сето тоа доведува до зголемување на конфликтниот потенцијал, загрозувајќи ја безбедноста, вклучително и на нашиот европски континент”, ова денеска во Битола го рече Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската федерација во Македонија, по повод традиционалното одбележување на Денот на руската дипломатија.

“Подготвени сме и за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области.
Нашите братски народи се поврзани со блиски духовни врски со повеќевековна историја и тоа е солидна основа за натамошно подобрување на односите, за доброто на нашите народи” – рече во обраќањето, неговата екселенција Сергеј Александрович Баздникин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here