Русија и Кина ја блокираа Америка во Советот за безбедност на ОН

3616
0
SHARE

Русија и Кина денес ја отфрлиле американската нацрт резолуција во Советот за безбедност на ОН за Венецуела, во која се предложува “целосна поддршка” за парламентот кој го предводи опозицијата на Хуан Гваидо, соопштиле дипломатски извори.

Во текстот во кој увид имала агенцијата “France Presse”, се истакнува ангажманот на парламентот кон воспоставување на демократија и правна држава во Венецуела, како и недостиг на “законитости” на последните претседателски избори.

Исто така, се осудува и употребата на сила на полицијата над демонстрантите.

Русија и Кина го отфрлиле текстот кој го предложиле САД. Русија поднела свој предлог во кој бара политички дијалог во Венецуела, што САД отфрлиле.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here