Русија и Кина остро против секаква воена акција во Венецуела

342
0
SHARE

Министрите за надворешни работи на Русија и Кина во средата остро се спротиставија на секаква воена интервенција против Венецуела, чиј претседател Николас Мадуро САД го повикуваат на оставка.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, којашто социјалистичкиот венецуелски претседател Николас Мадуро го доживува како непријател, смета дека неговиот реизбор минатата година бил нелегитимен. На 23-ти јануари Вашингтон го призна опозицискиот претседател на парламетнтот Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за привремен претседедател на Венецуела.

Вашингтон истакна повеќепати дека не отфрла ниедна опција, вклучително и воената. Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека е сигурен оти „деновите на Мадуро се одброени“.

Додека САД ги засилуваат обидите да се донесе хуманитарна помош во Венецуела која ја одбива Мадуро, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека станува збор за изговор за воена интервенција

„Работиме со сите земји кои поддеднакво се загрижени од сценариото со воено мешање… Мислам дека САД мора да послушаат што мислат земјите во регионот“, рече Лавров во Вужен, на истокот од Кина, на трилатералната средба планирана од претходно со кинескиот и индискиот колега.

Пренесува Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here