Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија ја прекинува примената на Договорот за нуклеарните сили со среден домет (ИНФ) и нареди руската страна повеќе да не преговара со САД околу овој договор, пренесе ТАСС.
Путин рече дека Русија нема да постави ракети со среден и краток домет во разни региони низ светот пред САД.
„Русија нема да биде вовлечена во скапата трка на вооружување. Не треба да се предизвикаат дополнителни трошоци“, порача Путин.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави вчера дека САД се откажуваат од примената на Договорот за нуклеарни сили со среден домет