Саманта од “Сексот и градот” ги отвори картите: Никогаш повеќе нема да ја глумам Саманта Џонс!

701
0
SHARE

Актерката Ким Катрал, односно Саманта во серијата “Сексот и градот”  зборуваше за многу непознати детали поврзани со нејзиниот живот, но и за нејзиниот однос со колешките од серијата, кој и не бил баш добар.

Таа ги критикува Сара Џесика Паркер, Кристен Дејвис и Синтија Никсон, а односот со нив го опишува како “токсичен”.

Инаку, Ким Катрал гостувала и на една норвешка телевизија, каде зборувала за се. Катрал на водителот Пирс Морган му раскажува дека односот меѓу нив бил тежок, од причина што таа водела сосема поразличен живот и дека имала различни приоритети за разлика од нејзините колешки.

“Сите тие имаат деца и јас сум 10 години постара од нив, а кога заврши серијата времето го минував надвор од Њујорк само за да не ги гледам. Единствено заедничко нешто ни беше серијата, а серијата е завршена”, рекла Ким, со констатација дека една врата за неа се затвара, но други се отвораат.

Таа потврди дека никогаш повеќе нема да ја гледаме во улогата на Саманта Џонс.

“Никогаш повеќе нема да ја глумам Саманта Џонс, во тоа ве уверувам. За мене тоа е завршено, завршено без каење, само сакам Сара да беше попријатна”, наведе Катрал и додаде дека не ја исклучува можноста да се смири со Паркер, која ја играше Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here