Саша Бодановиќ заработи две кривични пријави

550
0
SHARE

Инфоњуз дознава дека градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ,  ја прекршил одлуката за мораториум на издавање на градежни дозволи која беше донесена на 28ми декември и важеше до 28ми февруари. Богдновиќ ја прекршил одлуката на советот со тоа што на 21ви јануари потпишал градежна дозвола.

Да потсетиме: Инсистирањето на Богдановиќ, да советот на општина Центар, донесе одлука за мораториум на градби е против уставно. Единствено надлежен за поништување и запирање од извршување на урбанистички планови е уставниот суд. Не може повисок правен акт да биде суспендиран со понизок правен акт (Уставот не може да биде суспендиран со закон; закон неможе да биде суспендиран со под-законски акт)

За оваа расправаа и советниците на Општина Центар кои заседаваа денес и истите се сомневаат во датумот кога е потпишана и издадена спорната дозвола.

Мораториумот за неиздавање на градежни дозволи важеше до 28ми февруари. Физички и правни лица кои побарале извод од урбанистички план и сакакале да отпочнат постапка за добивање градежна дозола по 28ми февруари, градоначалникот на Општина Центар им одговорил во писмена форма дека неможе да ја отпочнат постапката додека не донесе нова одлука за мораториум на градби.

Тоа значи дека и по завршувањето на двомесечниот мораториум спротивно на законот и на уставот во писмена форма им одговара на барателите дека нема да им одобри отпочнивање на постапката за градежна дозвола додека не донесе одлука за нов мораториум . Ова значи крајно самоволие и воведување без законие во работата со урбанизмот во Општина Центар. За ваквото грубо кршење на законот, поранешниот навивач на К.К. Работнички, заработи уште една кривична пријава. Оштетените баратели на градежни дозволи велат дека Саша Богдановиќ и натаму се однесува како навивач, а не како градоначалник кој треба да го спроведува законот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here