Сашо Мијалков и Зоки Кичеец се cтепале во „Мepиот“

1997
0
SHARE

По Фејсбук објавата на Љупчо Палевски, дека наводно лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков физички се пресметале со Зоран Милески Кичеец во хотелот „Мериот“, неофицијално дознаваме дека всушност во физичката пресметка учествувале Мијалков и Кичеец.

Нашите извори велат дека инцидентот се случил кога во кафулето во склоп на хотелот „Мериот“ дошол Милески. Мијалков наводно кога го видел веднаш лично отишол кај него, и му рекол дека не е добредојден во локалот. По ова настанала физичка пресметка меѓу двајцата, која траела кусо време бидејќи реагирало личното обезбедување на Мијалков, кое всушност ги раздвоило и за кратко време ситуацијата била смирена.

Инцидентот не бил пријавен во полиција, потврдија за НетПрес од МВР.

„Кичевскиот со уште едно другарче пред саат време во #Дистрикт дошол во посета на мафијашот на батерии ДонМијале, кој нормално си го викнал приватното обезбесување. По кратката и квалитетна тепачка екипава на ДонМијале го извлекла дебелиот крај и тоа квалитетно, а Кичевскиот со скршен нос. Подоцна Дон Мијале викнал полиција нормално да ги брани…..а ДонМијале се повлекол во КУЌНИОТ ПРИТВОР Мериот каде се ова се случувало.

Закључок, ДонМијале почна и дома у куќен притвор да не е рааат.
ПС: ДонМијале кога видел дека неговиве губат утакмица викнал полиција и напуштил своја кафана.
Причина за тепачката е што кога дошол Кичевскиот келнерите му соопштиле дека не е пожелен и не го служат….. па продискутирале….“, претходно напиша Палевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here