СДСМ: Единствено Мицкоски не се радува на успехот на земјава

312
0
SHARE

Единствено Мицкоски не се радува на успехот на земјава, му стана навика да премолчува за успесите на државата, економијата се движи во добра насока, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека откако на власт е премиерот Зоран Заев земјава има најлош резултат на нивото на странски инвестиции во последните години.

„Додека сите ги препознаваат и честитаат за успешните реформи и најпозитивниот Извештај на Европската комисија, Христијан Мицкоски се уште не собра храброст да ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стана навика да ги премолчуваат успесите на државата. По години стагнација, во изминатата година прикажан е напредок во развојот на економијата, имаме поголем економски раст, а директните странски инвестиции од 625 милиони евра исто така беа рекордни. Реалните податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики и реалното придвижување на економијата. Мицкоски покажува основно непознавање од економијата“, велат од СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here