СДСМ и ДУИ ќе го објават името на заедничкиот претседателски кандидат

267
0
SHARE

Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ, што го договорија лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска, а во меѓувреме течат консултациите за приклучување и на Алтернатива и ДПА, како и на други партии.

По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра се имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ.

За лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот на СДСМ и ДУИ ќе биде „најмалку консензуален”. Двете партии ќе поддржат заеднички кандидат, според Мицкоски, за да го намалат поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжат политичката кариера на политичарите од тие две политички партии.

Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот со официјални кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад чија кандидатура застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here