СДСМ си назначи нов командир на полициската станица Карпош по итна постапка

823
0
SHARE

На денешната седница на советот од општина Карпош, на само еден час пред почетокот на седницата била наложена и вметната точка на дневен ред со која се бара итна смена на командирот на полициската саница во опшината.

Образложението било дека вчера во доцните вечерни часови стигнал допис од МВР потпишан од министерот Оливер Спасовски, за смена на командирот на полициска станица Карпош.

Советниците биле затекнати и запрепастени што на самата комисија за верификација и мандатни прашања, веќе биле повикани тројцата потенцијални кандидати од кои еден треба да биде назначен на позицијата.

Според деловникот, точка на дневен ред уредно се предложува минимум 7 дена пред одржување на седница на советот на општината. А допис од ваков тип има рок од 15 дена за разгледување.

Со ова јасно се гледа дека е грубо прекршен деловникот за работа на општинскиот совет, не се почитуваат пропишаните рокови и набрзина е назначен кадар подобен на владечката партија.

Владо Симјановски е лицето кое е назначено за командир на полициската станица Карпош и едногласно изгласан од страна на владејачкото мнозинство во советот.

Советниците од опозициската група на ВМРО-ДПНЕ и ГРОМ не учествуваа во расправата, аргументираа за пропустите во процедурата и ја напуштија седницата во знак на поддршка на притворените за случувањата на 27ми април во Собранието на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here