СЕ ОДЛАГА ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ВАКЦИНИ ОД СРБИЈА ПОРАДИ НЕ СПРЕМНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

344
0
SHARE

Доаѓањето на вакцините против ковид-19 од Србија, кое требаше да се случи утре на граничниот премин Табановце е одложено. Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград

Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на утрешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце

Станува збор за првата пратка вакцини против ковид-19 со вкупно 8.000 вакцини на „Фајзер“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here