Седум лица се приведени за сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци

410
0
SHARE

Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс” и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци што се случи на минатиот месец, а во која загинаа 15 лица.

Јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска откри дека шест лица се на испитување и ќе бидат во притвор, а уште едно лице ќе има мерки на претпазливост за несреќата кај Ласкарци.

„Истрагата е поведена кон шест лица, плус едно седмо лице. И тоа кон сопствникот на правното лице кое е сопственик на автобусот, потоа раководителот на тоа правно лице. Тие не организирале автобуски превоз согласно законските прописи, и го препуштил возниот парк на раководителот, кој, пак, немал таков сертификат.

Трето, четврто и петто осомничени се вработени во правно лице кое вршело технички преглед на автобусот. Тие даваат дозвола дека автобуост е исправен, и покрај тоа што во двата технички прегледи во изминатата година покажал неисправност.

Шестиот осомничен е возачот, кој не ја почитувал брзината, и возел со 99 километри на час. Сите овие се лишени од слобода“, рече Рајчев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here