Седум навики на гламурозните жени

490
0
SHARE

Можеби јакните од вештачко крзно и чевлите со штрас делуваат гламурозно, но за вистински гламур потребно е нешто повеќе, отколку исклучиво следење на последните трендови.  Погледнете ги следните седум навики на гламурозните жени.

Тие не се срамат од драматични парчиња

Црно од глава до петици делува по малку гламурозно, но драматични, впечатливи парчиња гарантираат свртување на вниманието.  Парчиња како наметки и здолништа со шљокици во комбинација со секојдневната гардероба делуваат гламурозно и таквиот стајлинг кажува дека не сте се обидувале премногу.

Знаат кога помалку е всушност повеќе

Можеби впечатливите парчиња имаат вистински импакт, но тоа не значи дека скоцкан дневен изглед не е по елегантен.  Кожна јакна, бела кошула и цигара панталони се се што ви е потребно.

Ја знаат важноста на добрата нега

Нема смисол да носите прекрасна гардероба ако вашите нокти се оштетени и косата ви изгледа безживотно.  Гламурозните жени знаат дека маникир и фенирање (или дури и чиста коса) прават вистинска разлика во тоа како изгледате и се чувствувате.

Ја разбираат моќта на накитот

Прстен кој заслужува внимание или пар обетки кои не одминуваат незабележани.

Знаат во што да инвестираат

Вистински гламурозните жени купуваат скапи дизајнерски парчиња, но тоа не значи дека ќе ги видите во последните Гучи патики или Vetements блузон со ќулавка.  Тие знаат дека во класични парчиња вреди да се инвестира- а тоа е класична Шанел чанта или кашмир од Joseph. Избегнувајте ги минливите трендови.

Комбинираат ‘high end’ сo ‘high street’

Некогаш одамна Шанел од глава до петици беше епитом за гламур, но сега, миксот на скапи со секојдневни парчиња е тоа што го потврдува вашиот гламурозен статус. Тука спаѓаат вечерни фустани со патики, впечатливи јакни со џинс и ролки.

Тие шијат

Секоја гламурозна жена ја знае моќта на добриот кројач. Од струкирани половини до совршена должина на здолништа, без оглед дали е тоа блејзер од 500 евра или блуза од 50, облеката треба одлично да ви стои.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here