Секој четврти жител на Македонија пати од пролетни алергии

320
0
SHARE

Пролетта е речиси на прагот а заедно со неа доаѓаат и досадните пролетни алергии. Секако пролетта сама по себе е можеби најубавото годишно време, но оние кои страдаат од алергии не се баш среќни за нејзиното доаѓање.

Тешкотии во дишењето, солзење и црвенење на очите, течење на носот, па дури и астматични напади се симптоми кои ги носат пролетните алергии.
Мајчина душица,домашен мед,прополис,масло од црн ким,коприва се пет природни намирници со кои може да ги спречите пролетните алергии.

Според лекарите зголемен е бројот на лица кои страдаат од природни алергии, односно секој четврти жител на Македонија има алергиски ринит.

Како да познаете дали сте алергични? Многу лесно, ако кивате и доколку почувствувате потешкотии во носот кога сте покрај расцветани дрвја, значи сте алергични. Лекарите, велат дека алергиите се јавуваат на рано цветачки дрва, полен на бреза, јасен, бука, леска.

Докторите советуваат оние кои се алергични на полен да пијат многу вода, бидејќи колку повеќе пиете вода, толку повеќе слуз може да направи вашето тело а колку повеќе слуз имате, толку сте поспособни за борење со сите оние причинители на алергии со кои секојдневно се сретнувате.

Треба да знаете дека пролетните алергии не треба да се причина да се затворите дома, бидејќи и таму се достапни алергиите. Најдобро е да поставите навлажнувач за воздух во домот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here