СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА: Градоначалникот на Делчево тера кампања за Пендаровски додека на градот му се заканува еколошка катастрофа

562
0
SHARE

Како и секое ветување на владата, така и локалната самоуправа изгледа има од кој да учи. Владата и Општина Делчево се власт која ќе ја паметиме по најмногу ветувања со реализација ЌЕ (Ќе биде).

И додека во предизборната кампања на граѓаните во Општина Делчево им се ветуваше подобар живот, реконструкција на патишка како и музеј, на жителите во с. Очипала им беше ветено реконструкција на пристапни патишта до селото, решавање на проблемот со електрификационата мрежа, уредување на депонијата со градежен шут како и РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ И ОТПАДОТ.

Се моли заспаниот “убавец” од градоначалник, господинот Горан Трајковски да се упати кон меѓународниот пат помеѓу Македонска Каменица и Делчево кај селото Очипала, бидејќи очигледно е дека од предизборните лаги не го има посетено селото.

Таму ќе види слика за дива депонија (истата онаа која ветуваше пред локални избори дека ќе ја реши), слика од починати животни, еколошка катастрофа која набрзо ќе предизвика и различни вируси и болести.

Додека вашиот директор е во трка за Претседателски избори за вашиот кандидат кој го нарече народот стока, барем вие како градоначалник санирајте го проблемот со време и онака за други работи во општината не сте ажурен.

Но тоа секако никогаш не е се за функционерите на СДСМ, главната депонија во Општина Делчево постојано е запалена која дополнително го загрозува здравјето на жителите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here