Семејството моли за помош: Исчезнат е тетовецот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче

205
0
SHARE

Семејството го пријави за исчезнат Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, 62 годишник од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или кај неговиот брат.

Ѓорѓи последен пат го видовме вчера, 11 август, околу 19 часот, кога заедно со сопругата бевме кај него во станот за да му однесеме вечера. Тој има нарушено здравје и можно е да изгубил ориентација затоа што се се случи кога немаше струја во Тетово – вели братот Ристо.

Доколку граѓаните го забележат Ѓорѓи може да се јават кај братот Ристо на 071-686-603 или на 192. Исчезнувањето е пријавено и во СВР Тетово, откако се поминати 24 часа откако последен пат е виден 62- годишникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here