СЕМЕЈСТВОТО ЗДРАВЕВИ БЕЗ СТРУЈА ЦЕЛА НЕДЕЛА ЗА ДОЛГ СТАР 17 ГОДИНИ

465
0
SHARE

Една недела штипското семејство Здравеви е во мрак. ЕВН по вторпат годинава им ја исклучило струјата за долг стар 17 години.

Според пресметките на ЕВН тој за периодот од 2002 до 2014 должи околу 140.000 денари. Тврди дека сметките му се платени, но тешко може да се докаже бидејќи по толку време не ги чуваат платените

На свеќа со преживеани два инфаркти ноќеска одвај може да си ги пронајде лековите, а исклучената струја го принуди да ја фрли и сета храна.

Од ЕВН за ТВ 24 велат дека струјата е исклучена поради неплатен долг. Според нив се работи за неплатени сметки наследени од неговата мајка.

„Ние како ЕВН, со оглед на неговата здравствена состојба, направивме се да му излеземе во пресрет на нашиот корисник. Му понудивме да потпише спогодба со која долгот ќе го плати на рати. Треба само да плати повторен приклучок и да ја потпише спогодбата, но тој ја одби оваа понуда”

„Да потпишам спогодба за нешто за што не сум должен, да плаќам нешто што веќе сум го платил“ – рече Здравев.

Здравев веќе поднел кривична пријава за ЕВН затоа што поради струјата, исклучена без опомена најмногу му трпи здравјето. Очекува институциите да го вклучат светлото и неговата правда да излезе на виделина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here