Северна Кореја и САД ќе се мират во Швајцарија, прва средба помеѓу Трамп и Ким Јонг Ун

435
0
SHARE

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на преговорите кои ќе се одвиваат меѓу Северна Кореја и Соединетите Американски Држави, соопшти швајцарското министерство за надворешни работи.

Оваа понуда била изнесена во петокот, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да одржи состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, поради преговори за решавање на спорот околу севернокорејскиот нуклеарен арсенал.

Ова ќе биде прва средба „лице во лице“ меѓу двајцата лидери на овие земји.

„Швајцарија е во контакт со сите вклучени страни. Квалитетните уреди кои Швајцарија може да ги понуди се добро познати. На вклучените страни останува да одлучат кога и каде ќе бидат одржани преговорите“, стои во соопштението.

Швајцарија не е единствена земја која се понуди да биде домаќин на овој историски состанок, кој би требало да биде одржан кон крајот на мај.

Како што пренесува „Вашингтон Пост“, истото го понудиле и Шведска и Монголија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here