Шефот на Светската Здравствена Организација би можел да биде обвинет за геноцид!?

276
0
SHARE

Американски економист номиниран за Нобеловата награда за мир, побара шефот на Светската Здравствена Организација (СЗО) да биде обвинет и гонет за геноцид, поради неговото наводно учество во давањето насоки на безбедносните сили во Етиопија, пренесува Тајмс.

Дeјвид Стајнман го обвини Тедрос Адханом Гебрејесус, кој застана на чело на СЗО пред три години, дека бил еден од трите службени лица кои имале контрола врз етиопските безбедносни сили од 2013-та до 2015-та.

Гебрејесус беше министер за здравство на Етиопија од 2005-та до 2012-та, а потоа и министер за надворешни, кога неговата партија „Народен Фронт за Ослободување на Тиграј“ беше главен актер во владејачката коалиција.

Стајнман, економист кој беше номиниран за Нобеловата награда за мир минатата година, ја поднесе жалбата до Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here