Шест сообраќајни незгоди се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во една сопатник се здобил со тешки телесни повреди.во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата од сообраќај исклучила тројца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.
Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила, 51 за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ се подигнати 52 возила.