ШИЛЕГОВ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ИГРАЊЕТО НА МОБИЛЕН: Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните

394
0
SHARE

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов со право се најде на мета на критики. Додека граѓаните се гушат и бараат спас, тој игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето. Во изјава за „Независен“ Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.

„Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here